Запознајте ја новата омилена камера на Galaxy Z Flip6.
Во светот на технологијата, каде иновацијата секојдневно поставува нови стандарди, Samsung повторно ги воодушеви љубителите на паметни уреди со своите најнови телефони на преклоп – Galaxy Z Fold6 и Galaxy Z Flip6.
Овие два елегантни и иновативни уреди не само што носат нови функции, туку и отвораат нова страница во светот на модерната естетика и функционалност кај мобилните телефони.
Запознајте ја новата омилена камера на Galaxy Z Flip6
За сите оние кои сакаат да ги фатат магичните моменти од нивниот живот, Galaxy Z Flip6 е вистинската камера да ја носите секогаш со вас. Дизајниран да биде и моден додаток, овој уред се вклопува совршено во секој стил, додека неговата камера ќе ги разбуди вашите најкреативни идеи.
Со иновативните функции како FlexCam и Nightography, Galaxy Z Flip6 ја прави секоја фотографија посебна. FlexCam ви овозможува да фотографирате од различни агли, без да се грижите за стабилноста на телефонот. Дали сте на плажа и сакате да го фатите совршениот залез на сонцето, или пак сте во клуб и сакате да го овековечите моментот со вашите пријателки, со Nightography, фотографиите направени во слабо осветлени услови се појасни и поживописни од кога и да било.
Galaxy AI: Вашиот нов најдобар пријател во креирање магични моменти
Што е најдоброто нешто кај Galaxy Z Flip6? Тоа е магијата на Galaxy AI* вештачката интелигенција во функциите на телефонот, која стои зад секоја фотографија, претворајќи ја во уметничко дело, автоматски препознавајќи сцени и оптимизирајќи ги поставките на камерата за да ги извлече најдобрите можни резултати.
Поврзани објави
Со само еден клик, Galaxy AI ќе ви помогне да направите совршен селфи портрет, ќе ги нагласи боите на вашите омилени модни комбинации или ќе ја осветли вашата кожа за онаа блескава, совршена фотографија која ќе ја споделите на Instagram. Нема потреба од дополнителни филтри – Galaxy Z Flip6 е вашиот личен уметнички директор!
Galaxy Z Fold6: Продуктивност и забава без граници
Додека Z Flip6 е совршен за сите оние кои сакаат да се истакнат со стил и креативност, Galaxy Z Fold6 е за оние кои го сакаат најдоброто од двата света – работа и забава. Со големиот екран кој се отвора како книга, Galaxy Z Fold6 ви овозможува да го користите уредот за работа, мултитаскинг, читање, креирање идеи, гледање на вашите омилени серии на Netflix, или пак за имресивно играње на игри.
А кога ќе се комбинираат со Galaxy AI, сите ваши задачи и активности, и целокупната интеракција со телефонот се извршува побрзо и поефикасно. Дополнително, можете да уживате во креативноста без граници и да го направите секој ден полесен и позабавен, и со останатите фантастични уреди од најновата генерација на Galaxy семејството како паметните часовници Galaxy Watch Ultra и Galaxy Watch7 кои ви овозможуваат врвно искуство со грижата за личното здравје на дневна основа и општата благосостојба овозможени од функции напојувани од вештачка интелигенција, како и најновите модели на слушалки Galaxy Buds3 и Galaxy Buds3 Pro кои донесуваат ново ВИ комуникациско и најнапредно аудио искуство.
Овој фантастичен Galaxy екосистем составен од носливи Samsung уреди совршено комуницираат меѓу себе креирајќи единствено Galaxy искуство кои постојано го подобрува и олеснува вашиот живот.
* Функциите на Galaxy AI ќе бидат достапни бесплатно најрано до крајот на 2025 година на поддржаните уреди Samsung Galaxy.
Текст и фото: ПР