Регионалната музичка ѕвезда Милица Павловиќ вчера, 11 август, во луксузен хотел во главниот град на Србија го прослави својот 33 роденден.
За таа прилика, таа сосема го смени имиџот и сега има кратка шик фризура.
Скап роденден, со познати гости во луксузен хотел, кој не остана незабележан од фотографите и камерите.
Музичката ѕвезда подготви спектакуларна прослава, во дворот на еден познат локал, каде Павловиќ беше домаќинка на околу 60 нејзини најблиски пријатели и соработници.
Една од гостите на роденденот на Милца беше поп дивата Јелена Карлеуша.Со своето доаѓање, Јелена ги изненади присутните, облечена во сина модна комбинација. Јелена изјави дека од самиот почеток ѝ била голем поддржувач на Милица и во добри и во лоши времиња, а во прилог на тоа е што Јелена и Милица го снимија дуетскиот хит „Машала“, кој се наоѓа на албумот на Јелена „Алфа“.
Во градината каде се славеше доминираа префинети и елегантни декорации во бели и златни тонови.
Покрај Јелена, и други познати гости ја збогатија со присуство нејзината прослава, меѓу кои и Драгана Миќаловиќ, Жика Јакшиќ, Драгана Џајиќ и многу други.
Фото: Инстаграм