Бен Афлек и Џенифер Лопез само што не се развеле… само уште таа да го сними ова или тој да го направи она… и така до недоглед!
„Ова е најголемата измама во човештвото“, вели Мурин Калахан, колумнистка за „Дејли Мејл“.
„Тие планираат овој развод да се оддолжи до недоглед. Зошто? Затоа што тоа им носи профит“, тврди таа и наведува дека приказната на Бен Афлек дека Џенифер Лопез е желна за слава можеби се однесува и на него.
Гостувајќи во еден поткаст, Бен Афлек навел дека само сака сите да го остават на мир, за да може да снима филмови. Но неговиот последен филм помина просечно, речиси ништо не заработи на благајните. Од друга страна, човек кој сака сите да го остават на мир, нема да шета наоколу на мотор, со фризура на бајкер и нема одвреме-навреме да ја вади раката низ прозорецот за да можат папараците да видат дали носи или не носи бурма.
Човек кој не сака внимание нема да ја напушти семејната вила, да изнајми нова во близина на својата поранешна сопруга и да се затвори таму додека неговата сегашна сопруга го слави својот 55 роденден.
Ben Affleck, 51, unveils midlife crisis makeover as he emerges amid Jennifer Lopez divorce drama with faux hawk, rocker tee and NO ring https://t.co/YhKWYNYj9D
— Daily Mail Celebrity (@DailyMailCeleb) August 4, 2024
Поврзани објави
Да се разбереме, ни Џенифер Лопез не е цвеќе за мирисање. Наголемо се зборува за нејзиното правило дека никој од послугата не смее да ја гледа в очи, како и за нејзината навика да им го зема големиот бакшиш на вработените што го добиле од Бен.
Џенифер Лопез, жената која има сè освен љубов, неодамна си направи забава на која самата на себе си пееше „среќен роденден“. Таа одлета во Италија за да направи две селфиња, а потоа повторно се врати во Хемптонс за да се повлече од јавноста, па ги извести папараците дека таму се наоѓа личноста која се обидува да го извлече максимумот од овој развод.
Сè додека таа и Бен се тема број еден во медиумите – парите само капат.
Од трета страна, тука е и Џенифер Гарнер која со години немала ниту една значајна улога и се наоѓа во центарот на вниманието само поради Бен Афлек. И таа добила улога во оваа сага, и тоа на миротворец. На тоа би се согласил секој, па дури и поранешната сопруга, бидејќи станува збор за убава, позитивна улога.
И затоа, Бен и Џенифер Лопез нема да се разведат наскоро. Во нивен интерес е оваа приказна да продолжи што е можно повеќе. Иако сценариото е здодевно и сè се повторува, изгледа дека луѓето сè уште сакаат да ги гледаат. А додека луѓето гледаат, рекламите се наплаќаат.