Пејачката се појави пред хотелот каде што престојува, а нејзиното пристигнување го проследија голем број обожаватели кои со нетрпение ја очекуваа.
Селин Дион повторно се најде во центарот на вниманието. По две години без официјално појавување во јавноста, 58-годишната пејачка беше пречекана од бројни фанови пред хотел во Париз.
Дион им мавташе на присутните, испраќаше бакнежи и позираше за фотографии. Таа изгледаше расположено и насмеано, а за средбата избра елегантен камел капут, чизми со потпетици и темни очила.
Céline Dion showed her fans some love as she arrived at the Hotel Le Royal Monceau in Paris, France, ahead of her series of concerts in the French capital.🤍
📹: BACKGRID pic.twitter.com/4BNTHYrokS
— Page Six (@PageSix) August 28, 2026
nbsp;
Нејзиното појавување доаѓа во пресрет на најавеното враќање на сцената. Пејачката претходно ги прекина концертните планови поради борбата со синдромот на вкочанета личност, поради кој подолг период беше отсутна од музичката сцена.
Поврзани објави
@parismatch #celinedion #celine #tiktokmusic #onregardequoi ♬ original sound – dev 🦄🫧
Сега Дион повторно се подготвува за настапи, а првите концерти се најавени во Париз во септември и октомври. Плановите предвидуваат настапи и во текот на 2027 година.
Нејзината средба со фановите покажа дека интересот за неа не стивнува. Дион неодамна призна дека најмногу ѝ недостигал токму контактот со публиката, па враќањето на сцената за неа има и силна емотивна страна.
Screenshot Tiktok