Двојката е во врска од минатото летот и ова не е првпат луѓето да коментираат дека се бламира пред младата манекенка
Холивудскиот актер Леонардо Ди Каприо, кој има 49 години, повторно е во центарот на вниманието поради својот љубовен живот. Неговата нова врска со 26-годишната италијанска манекенка Викторија Черети предизвика бројни шпекулации и контроверзии. Неодамна се појавија гласини дека се свршиле, но истовремено на површина испливаа и коментари за нивната значителна разлика во годините.
Многумина имаат забележано дека Леонардо е склон кон многу помлади партнерки, а неговата врска со Викторија дополнително го потврдува тоа. Нивната разлика од 23 години често е тема на дискусија, а најновите фотографии од двојката само му долеваат масло на огнот.
Имено, на фотографиите што им го привлекоа вниманието на медиумите, Леонардо и Викторија се уловени на плажа. Најмногу коментари предизвика начинот на којшто Леонардо ја гледа својата девојка, како и неговото однесување кон неа. Додека таа уживала на сонце, тој внимателно го местел нејзиниот костим за капење, што предизвика лавина на реакции. Многумина коментираа дека Леонардо ја гледа Викторија како парче месо.
Поврзани објави
Јавноста има поделени мислења. Додека едни сметаат дека тие се возрасни луѓе и дека разликата во годините не е важна, други истакнуваат дека склоноста на Леонардо кон значително помлади партнерки не е примерна. Овие критичари нагласуваат дека фотографиите ја прикажуваат морничавата динамика на двојката, која не остава впечаток на здрав однос.
Иако врската на Леонардо со Викторија моментално е под будното око на медиумите, ниту тој ниту таа не ги коментирале шпекулациите за свршувачката. Оваа ѕвездена двојка продолжува да привлекува внимание и да предизвикува бурни реакции, додека обожавателите со нетрпение чекаат да видат како ќе се развива нивната приказна.
Во меѓувреме, Леонардо Ди Каприо продолжува да го живее својот живот по сопствени правила, и покрај сите критики и контроверзии што го следат. Останува да видиме дали неговата врска со Викторија Черети ќе биде само уште еден минлив момент во неговиот бурен љубовен живот или нешто повеќе.