Почетна ЕкономијаМВР Билтен (ДПЛ) – biznisvesti.mk

МВР Билтен (ДПЛ) – biznisvesti.mk

од nenad
7 минути читај за

Министерството за внатрешни работи информира дека е поднесена кривична пријава против С. С.

, началник на Одделение за лично обезбедување на претседател на Собрание, осомниен за две кривични дела –  „загрозување на сигурноста“ и „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.

 Кривичната пријава е поднесена од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење  организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициско овластување и припадници на затворската полиција.

МВР во полицискиот билтен попладнево наведува дека пријавениот С. С.

во четвртокот, 1 август 2024, околу 10:30 часот на Меѓународен аеродром Скопје на паркингот пред ВИП салонот пристигнал со возило со поставени ротациони светла, излегол од возилото и од појасот го извадил пиштолот, го репетирал и повторно го вратил во појасот.

На полицискиот службеник од Полициската станица за ГП Меѓународен аеродром Скопје, кој извршувал работни задачи пред вратата на ВИП салонот, тој му се обратил на висок тон, го турнал наназад со двете раце и заканувајќи му се го спречил полицискиот службеник како службено лице во извршување на неговите службени дејствија.

-Пријавениот С. С.

бил испратен на Меѓународен аеродром Скопје од страна на претседателот на Собранието со цел надминување на недоразбирањето кое настанало со претседателката на Косово во врска со безбедносните процедури за преглед на багаж и електронски уреди при летање со комерцијални летови.

Потоа, заедно со уште двајца полициски службеници од Секторот за обезбедување личности, влегол во ВИП салонот и движејќи се во простории каде немал овластување за движење и престој, на присутните вработени на ТАВ-Скопје, полициски службеници од граничната полиција и Одделот за заштита на определени личности и објекти почнал да им се заканува по животот, водено барајќи да ја спроведе претседателката со возило до авионот, соопшти МВР.

 Министерството посочува дека ОВККИПС, согласно своите надлежностите и овластувањата, ќе поднесе Предлог за поведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност против полицискиот службеник С. С.

„и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работното место – суспензија до завршување на дисциплинската постапка“. Против полициските службвеници С. Р. и Н. Б.

, пак, ќе поднесе Предлог за поведување постапка за кршење на работниот ред и дисциплина, како што е наведено – „поради извршување на незаконита наредба, несовесно извршување работни задачи и рушење на угледот на полицијата“.

На 04,08. 2024 околу 14,00 часот во СВР Охрид е пријавено дека во водите на Охридското Езеро, кај селото Пештани, била пронајдена минофрлачка граната од Првата светска војна.

Гранатата била безбедно подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување за натамошна постапка. ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Е. В. (23), А. Б. (23) и Н. С.

(21), сите од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 30,07. 2024  на улица „Гоце Делчев“ во Кичево, пријавените физички ги нападнале К. Л. , Т. Л. и Б. Л.

, сите од Кичево, по што биле лишени од слобода. ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Б. М. (68) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

Во Општата болница во Дебар тој го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување и упатување закани кон вработените, по што бил приведен во полициска станица. На 04,08.

2024 во 20,40 часот во СВР Скопје, А. Б. (34) од с.

Батинци, општина Студеничани, пријавил дека во неговиот двор пронашол заталкано зрно од огнено оружје, кое го оштетило ветробранското стакло од неговото возило „фолксваген транспортер“ со скопски регистарски ознаки.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.   На 05,08.

2024 во периодот од 01,00 до 02,30 часот, полициски службеници од СВР Тетово извршиле контрола во ноќен клуб на улица „Маршал Тито“, сопственост на Х. А. од Тетово.

При контролата во објектот биле затекнати осум странски државјанки и две македонски државјанки кои ги забавувале гостите, од кои Л. М. (32) од Република Србија немала регулиран престој.

Таа била приведена и задржана во полициска станица за понатамошна постапка. На 04,08. 2024 во 20,00 часот во Скопје, на подрачјето на Бит-пазар полициски службеници од СВР Скопје го привеле С. Г.

(40) од Република Србија поради непријавен престој во државата. Тој бил предаден на полициски службеници од Граничниот премин Табановце за понатамошна постапка.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Во СВР Скопје денеска (05,08. 2024) во 04,45 часот било пријавено дека на локалниот пат Тетово – Скопје, од с. Дворце кон с.

Радуша, општина Сарај, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А. З. (20) од село Сарај, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците Ш. С. (19) од село Радуша и С. А. (34) од село Сарај, а со телесни повреди се здобиле возачот А. З. и уште двајца сопатници Б. М.

(18) и еден малолетник, двајцата од село Радуша, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. Во СВР Скопје денеска (05,08.

2024) во 00,30 часот било пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б. С. (50), С. И. (48), Д. И. (27) и С. И. (53), од една страна, Е. А.

(22), И. И. (36), С. А. (39), Е. А. (51), Ф. К. (18) и М. К. (20) од друга страна, како и С. Д. (30) и Ч. Д. (25), сите од Скопје, при што биле употребени и тврди предмети.

По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци. На 04,08. 2024 во 22,20 часот во СВР Скопје, Н. П.

(38) од Скопје пријавила дека околу 21,30 часот на подрачјето на Гази Баба, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од И. А. (54) од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 04,08. 2024 во 19,25 часот во СВР Скопје, А. К.

(40) од Република Турција пријавил дека околу 15,00 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 04,08.

2024 во 22,20 часот во СВР Штип, Р. З. (68) од село Шашаварлија, Штипско, пријавил дека околу 21,00 часот во селото бил физички нападнат од Ј. Ј. . Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

  На 03,08. 2024 во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Бит-пазар бил пронајден починат М. С. (50) од Скопје.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. На 04,08. 2024 во 04,10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с. Волково, Скопско, настанал пожар во викенд куќа, која била целосно опожарена.

Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. На 04,08. 2024 во 22,30 часот во Полициското одделение Чегране, Н. Р.

(48) од гостиварско Тумчевиште пријавил дека неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник. На 05,08. 2024 во 08,00 часот во Полициското одделение Камењане, Ф. Ш.

(34) од тетовско Боговиње пријавил дека неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник. СВР Скопје поднесе кривична пријава против Р. Џ.

(54) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 30,07.

2024, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавената, при што пронашле и одзеле марихуана, хероин, кокаин и 14 таблети метилен диоксиметамфетамин.

  СВР Тетово поднесе кривична пријава против И. И. (70) од с.

Врапчиште, Гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 14,06. 2024 во двор од семејната куќа на Ф. И.

(43) од с. Врапчиште, пријавениот со нож се обидел да го нападне Ф. И. . хс/Фото: МИА архива      .

Извор: МИА