Тамара Глоба, еден од најпознатите астролози во Русија, неодамна открила дека август ќе биде феноменален за Лавовите
Во август, хороскопот особено ќе ги израдува Лавовите! Рускиот астролог Тамара Глоба истакнала дека овој месец ќе биде период на благосостојба и општ напредок за овој хороскопски знак.
Љубовен хороскоп за Лавовите во август
Глоба советува првата половина од месецот да се фокусирате на вашиот приватен живот. Од 1 до 15.08 е особено добар период за искажување на емоциите, за зајакнување на врските и за романтични средби.
Ако сè уште не сте во брак или во сериозна врска, ова е одличен период за да запознаете некого со когошто ќе можете да изградите нешто убаво. Ако подолго време ви се допаѓа некој, време е да го признаете тоа – резултатот би требало да биде позитивен.
Поврзани објави
Зафатените Лавови би требало да ја запросат саканата личност или да ѝ предложат заеднички живот, особено земајќи го предвид фактот дека во август ќе владее љубовна идила и комплетно разбирање. Првата половина од месецот, секако, посветете им ја на вашите најсакани и приредете им пријатно изненадување.
Професионален и финансиски хороскоп за Лавовите во август
Во професионалната сфера, втората половина од месецот ќе биде особена плодна. Работните успеси ќе дојдат до израз, а сите ваши проекти и иницијативи ќе бидат наградени со успех. Работниот распоред ќе биде многу густ, но од друга страна, тоа ќе ви донесе и поголема заработка и ќе ги постави темелите за вашиот понатамошен напредок.
Астрологот советува да одбегнувате спонтани купувања и бескорисни трошоци, како и да ги оптимизирате вашите финансии – тоа ќе донесе резултати на долгорочен план.
Во секој случај, август е месец на среќата, што значи дека финансиите неочекувано ќе ви се подобрат – ве очекува ненадејна добивка. Искористете ја секоја можност за да си ја подобрите материјалната благосостојба и имајте на ум дека ќе ви се појавуваат шанси и на најнеочекуваните места.