Почетна МакедонијаПет пожари се активни, три се под контрола

Пет пожари се активни, три се под контрола

од nenad
1 минути читај за

                              Во текот на вчерашниот ден биле регистрирани 29 пожари на отворен простор, од кои во моментов пет се активни, три се под контрола и 21 се изгаснати, информираше Центарот за управување со кризи. Од Центарот за управување со кризи информираат дека активни се пожарите во Општина Македонски Брод меѓу селата Тажево и Брезница, кракот што води кон Националниот парк Јасен, пожарите во општините  Демир Хисар и Охрид на Илинска Планина и село Базерник. Третиот активен пожар е во Општина Гевгелија од село Фурка кон Каравалија.

   

Сѐ уште гори и во Општина Студеничани помеѓу селата Драчевица и Црвена Вода, кај местот викано Темна Бука и последниот активен пожар е  во Општина Пробиштип помеѓу селата Зелениград и Јамиште. Од ЦУК соопштија дека под контрола се ставени три пожари во Општина Охрид помеѓу селата Косел, Расино, Опеница и Вапила, Општина Богданци кај местот викано Погана кон Ветерен Парк Богданци и во Општина Пласница кај селото Латово. Во последното деноноќие изгаснати се 16 пожари во општините Радовиш, Кочани, Босилово, Свети Николе, Македонска Каменица, Студеничани, Гази Баба, Битола, Прилеп, Липково, Кичево, Гостивар, Чешиново-Облешево и Куманово.