Палачинките се едно од омилените јадења на многумина – се приготвуваат на илјада начини, а совршени се и солени и слатки
Постојат многу рецепти за палачинки – вкусни се и американски и класични тенки, полнети или празни. Со крем, џем, мед, фил од чоколадо, овошје – можностите се бесконечни, но највкусни се солените, похувани и потпечени во рерна!
Тие не само што се вкусни и неодоливи, туку се и одлична идеја за брз ручек или вечера.
Состојки:
За палачинките:
- 1 јајце
- прстофат сол
- 400 мл млеко
- 80 г безглутенско брашно
- 80 г брашно од хелда
- 1 лажиче прашок за печиво
- 1 лажиче ракија
За филот:
- 230 г варена блитва
- 300 г свежо сирење
- 100 г кисела павлака
- 50 г панчета
Поврзани објави
За преливот:
- 100 г кисела павлака
- 100 мл павлака за готвење
Приготвување:
Во сад измешајте јајце со малку сол, па сипете го млекото. Додајте ги сувите состојки, односно безглутенското брашно, брашното од хелда и прашокот за печиво. На крај, додајте и лажиче ракија за да не впијат многу маснотии палачинките при печењето. Испечете ги палачинките.
Пригответе го филот, така што ќе ја исечкате сварената блитва на многу ситни парчиња. Ако е потребни, притиснете ја блитвата со раце за да го истиснете вишокот вода, па ставете ја во сад. Додајте свежо сирење, кисела павлака и панчета исечкана на коцки.
Наполнете ги палачинките со смесата, па завиткајте ги. Ставете ги во намрсен сад за печење.
Прелејте ги палачинките со смесата од кисела павлака и павлака за готвење и печете ги 20-тина минути на 180 степени.