По одлуката на принцот Хари, стравовите на кралот Чарлс Трети се исполнија
Како што стојат работите, кралот Чарлс Трети никогаш веќе нема да ги види своите внуци, принцезата Лилибет и принцот Арчи, бидејќи неговиот син принцот Хари не сака да ги доведе во Велика Британија, тврдат извори блиски на Хари и Меган.
Поранешниот војвода од Сасекс минатата недела изјави дека нема да отпатува во Британија со сопругата Меган од безбедносни стравови од напади или каква било можност неговото семејство да биде загрозено.
Кралските експерти велат дека според изјава, кралот уште повеќе ќе се оддалечи од децата и можеби никогаш веќе нема да ги види.
Кралот Чарлс последен пат ги виде принцот Арчи (5) и принцезата Лилибет (3) во јуни 2022 кога војводата и војвотката од Сасекс се вратиле за прославата на платинестиот јубилеј на покојната кралица.
Принцот Хари (39) оттогаш се враќаше неколку пати во Велика Британија без сопругата и децата, поради правната битка со владата околу одземањето на обезбедувањето што го финансираат даночните обврзници.
Како дел од својата тековна кампања против британските новинари, тој сугерирал дека напаѓачот би можел да биде поттикнат од нешто што го прочитал.
Поврзани објави
Во едно интервју војводата за Сасекс потврди дека во иднина ќе патува сам:
„Сѐ што е потребно е еден осамен актер кој ги чита овие работи да дејствува врз основа на тоа што го прочитал. И без разлика дали станува збор за нож или киселина, тоа се работи што искрено ме загрижуваат. Тоа е една од причините зошто нема да ја враќам мојата сопруга во оваа земја“, пренесува „Дејли Мејл“.
Хари тврди дека неговата борба против медиумите била главната причина за уништувањето на неговиот однос со семејството:
„За мене мисијата продолжува, но предизвика… дел од раздорот.“
Хари продолжува да ги напаѓа новинарите и да ги обвинува за своите лоши односи со семејството, иако самите се заслужни за тоа. Најпрво со излегувањето од кралското семејство, а потоа и со озборувањето зад кулиси, како и со изнесувањето „валкани“ тајни во јавност во разни интервјуа и изјави, меѓу кои особено се истакнува интервјуто со американската водителка Опра Винфри.