Јеремиќ истакна дека е пресреќна, бидејќи ова е остварување на нејзиниот сон…
Водителката на утринската програма на ТВ Пинк, Јована Јеремиќ утрово во емисијата најави дека годинава во живо ќе известува од претседателските избори во САД, кои ќе се одржат на 5 ноември.
Една од темите на „Нови јутра“ беа штотуку споменатите избори, а водителката потоа објави ексклузива во програмата во живо, што многу ја израдува.
Нема да оди сама во Америка, туку со неа ќе оди и колега.
Заедно со уште еден колега од редакцијата летам за Њујорк на 3 ноември. Ќе посетам некои други градови, Вашингтон сигурно, ќе има многу интервјуа, очекувајте го неочекуваното! Ќе бидат мега светски вести, кој знае, можеби и јас ќе се појавам во некои американски медиуми“ – истакна водителката.
Поврзани објави
Јована Јеремиќ откри што и рекол првиот човек на Телевизија Пинк, Жељко Митровиќ.
Жељко ми рече, прво ќе бидеш на утринска, па леташ за Њујорк. Така и ќе биде. Тоа ќе биде голем предизвик за мене и голем плус за мојата кариера. Нема да спијам сигурно, уште од сега срцето ми чука“ – возбудено изјави Јована Јеремиќ во живо за време на утринската програма.
Фото: Инстаграм
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: