Почетна Убавина и здравјеЖените на јубилејното издание на ПРОФЕМИНА покажаа дека се свесни, смели и свои!

Жените на јубилејното издание на ПРОФЕМИНА покажаа дека се свесни, смели и свои!

од nenad
6 минути читај за

Што значи да бидете свесни за себе, да имате храброст да ги следите сопствените желби и да не се откажувате од својата автентичност? Одговорите ги побаравме на Профемина 2026, која годинава одбележа десет изданија под мотото „СВЕСНА. СМЕЛА. СВОЈА“.

 

 

Денот, кој траеше од 10.00 до 18.00 часот во „Холидеј Ин“, беше исполнет со инспирација, мотивација, убавина и знаење – во друштво на бројни експерти и панелисти од областа на медицината, дерматологијата, психологијата, партнерските односи, образованието и бизнисот. И оваа година, ПРОФЕМИНА понуди моќна програма што поттикнува на размислување, поврзување и промена: од искрени лични исповеди и разговори без табуа до теми што ги отвораат прашањата за современиот живот, технологијата, убавината и меѓучовечките односи.

Како и секогаш, за време на конференцијата, посетителите имаа можност да ги пробаат новите производи и препарати за нега на лице и тело. За време на паузите ги чекаше освежување, па дури и релаксирачка масажа во зоната на искуства. А во склоп на кампањата „Круг на поддршка“, организирана од Научното здружение за обезност – ОБЕМ, можеа и да се измерат со Body Analyzer апарат и да добијат персонализирана препорака врз основа на измерените параметри.

Пријатели на регионалната конференција за жени ПРОФЕМИНА 2026 во зоната на искуства беа: Menoelle и Bionika, Призма и Hoya, Afrodita Cosmetics, Biogaia, Lasta, Sinoz, Revalid, Replek и Labo, Curaprox, Violeta, My Spa, Libresse, Dandelion Spa & Health Club при хотел „Мериот“.

На паузите гостите се освежуваа со топлите напивки на Franck, водите на Dobra и Ladna и бонбоните Fisherman’s Friend.

Гостите не пропуштија да се регистрираат на влезот за да си го обезбедат своето учество во лотаријата полна со изненадувања од поддржувачите на конференцијата.

На самиот почеток на конференцијата, публиката, како и учесниците и партнерите на конференцијата, ги поздрави Јована Стојменовиќ, главна и одговорна уредничка на списанието „Убавина и здравје“ и креативен директор на конференцијата Профемина.

Конференцијата започна со првата студија на случај со наслов „Спие ли нашата кожа додека ние спиеме?“ под покровителство на Afrodita Cosmetics. Разговорот го модерираше Јована Стојменовиќ, а своите стручни совети ги сподели Амра Чековиќ, консултант-експерт на „Афродита Козметика“. Подетално прочитајте ТУКА.

Потоа, следеше првата панел-дискусија „Од диплома до лидерство“, поддржана од Универзитет Скопје. Модераторка: М-р Билјана Трендафилова, ПР-консултантка. Панелисти: проф. д-р Јана Илиева, генерален секретар на Универзитет Скопје, проф. д-р Викторија Трајков, заменик-министер за европски прашања, доц. д-р Ангела Миленковска Климоска, Универзитет Скопје, доц. д-р Љупчо Миленковски, Универзитет Скопје, Бојана Богоевска, дипломец на Универзитет Скопје и Симона Спирковска, дипломец на Универзитет Скопје. Целата дискусија прочитајте ја ТУКА.

„Иста диоптрија, различни потреби“ гласеше насловот на втората студија на случај поддржана од HOYA и „Призма“. Познатата водителка Билјана Дебарлиева поставуваше прашања, а одговараше Бојан Ангеловски од „Оптики Призма“. За целото предавање прочитајте ТУКА.

Точно на пладне следеше емотивен разговор со жената зад телевизиската харизма – Лила Филиповска. За животните пресврти, храброста да се почне одново, љубовта, зрелоста и за она што со годините престанува да биде важно, зборуваа заедно со Јована Стојменовиќ. Целиот разговор прочитајте го ТУКА.

Фокусот на третата студија на случај беа забите, а насловот гласеше „Насмевката под лупа“. Д-р Бојан Ангеловски, специјалист по детска и превентивна стоматологија, одржа едукативно предавање на оваа тема, поддржана од Curaprox. Повеќе прочитајте ТУКА.


Поврзани објави

„Што ако твојата следна beauty опсесија почне тука?“ гласеше насловот на четвртата студија на случај, на којашто беа претставени Fillerina® и Crescina® – иновации во негата на кожа и коса. Разговорот го модерираше д-р м-р Ивана Емел Анастасовски, маркетинг-менаџерка во „Реплек“, а предаваше д-р Златко Максимов, бренд-специјалист на „Реплек“. Повеќе за оваа студија на случај под покровителство на Replek и Labo, прочитајте ТУКА.

На сцената се појави и лицето од насловната страница на октомвриското издание на магазинот „Убавина и здравје“ – Нина Ред. Заедно со Марија Лукаревска, заменик-уредничка на „Убавина и здравје“, разговараа за втората сезона на подкастот RESET, менталното здравје и за приказните што се кријат зад совршените фотографии на социјалните мрежи. Повеќе прочитајте ТУКА.

Потоа, на сцената се придружија и инфлуенсерите Александар Динев, Луна Стефаноска, Христина Младенов и Емакулате Вандера Блажеска, кои разговараа на тема „Инфлуенсерите без филтер“, а улогата на модераторка ја презеде Нина Ред. Повеќе прочитајте ТУКА.

Петтата студија на случај покрена важни прашања на тема менопауза. „Каква е оваа пауза?“ гласеше насловот, а зборуваа Марија Кировска, магистер по фармација во „Варус“ и д-р Павлина Коруноска, специјалист по гинекологија и акушерство. Студијата на случај беше поддржана од Menoelle I Bionika Pharmaceuticals, а повеќе прочитајте ТУКА.

Третата панел-дискусија „Мојот на-AI-добар пријател“ се фокусираше на вештачката интелигенција. Модераторка: Ана Зафирова, новинарка. Панелисти: Илија Јованоски, eксперт за дигитална трансформација, Викторија Лоба, естрадна уметница и инфлуенсерка, Никола Дукоски, психолог и психотерапевт, Елинда Стојанова Милошеска, менаџерка за дигитална трансформација во А1 Македонија. Повеќе за разговорот поддржан од А1 Македонија прочитајте ТУКА.

Јована Стојменовиќ и Моника Миленкоска Димковска, продукт/бренд-менаџер во групацијата „Орбико“ разговараа за женската самодоверба и малите нешта што прават разлика на панел-дискусијата со наслов „Самодоверба: Моќта е во малите нешта“, поддржан од Fisherman’s Friend. Повеќе прочитајте ТУКА.

Следеше уште еден емотивен разговор/исповед што ги трогна посетителите. Водителката Маја Поцевска ја откри тајната што ја чувала 11 години, а со неа разговараше професорката Татјана Алексиќ. Дознајте за што станува збор ТУКА.

Што сакаат жените и како нивните желби и очекувања изгледаат низ машките очи? Дали мажите и жените навистина се разбираат или понекогаш зборуваат на различни јазици кога станува збор за љубовта, партнерството и секојдневните односи? Токму овие прашања се најдоа во фокусот на последниот и најинтригантен панел на регионалната конференција за жени „Профемина 2026“, на тема: „Што сакаат жените – низ призмата на мажите!“.  На жешкото столче седнаа: Трифун Костовски, бизнисмен, Стефан Николовски, актер, Тоше Зафиров, фитнес-експерт и шампион во бодибилдинг и Бобан Симоновски, професионален готвач, а скокотливи прашања им поставуваше Татјана Пуленџовска. За да дознаете како тие се снајдоа и какви одговори понудија, кликнете ТУКА.

„Профемина 2026“ заврши со богата лотарија и доделување дополнителни подароци од страна на поддржувачите на настанот, а посетителите и оваа година си заминаа среќни, исполнети, инспирирани и збогатени со нови знаења и информации.

Сите фотографии можете да ги погледнете на социјалните мрежи на „Убавина и здравје“.

Тимот на „Профемина 2026“

Текст: Марија Лукаревска

ФОТО: НИКОЛА ДАНЕВСКИ