Table of Contents
Сите велат дека не очекувале овој актер да се најде на листата, бидејќи важи за најголем фраер
Некои познати личности изнеле детали за нивните авантури под чаршафите и откриле кои од нивните партнери ги разочарале во кревет. Нема да ви се верува кои убавици и фраери го носат епитетот „лоши љубовници“!
Парис Хилтон
Ник Картер, поранешниот член на групата Бекстрит Бојс, нема пофални зборови за популарната актерка и старлета:
„Многу е здрвена и често се опиваше и дрогираше пред да завршиме во кревет. Имав впечаток дека таа воопшто не сака секс“, изјавил Ник во едно интервју, многу искрено и детално.
Кој би го рекол ова за Парис?!
Енрике Иглесијас
Енрике Иглесијас е познат по тоа што мајката природа не го надарила многу, но и да не е така, Ана Курникова има изјавено дека тоа секако не би можело да го промени фактот дека тој е лош љубовник.
Анџелина Џоли
Ова никој не би го очекувал. Според поранешниот сопруг Били Боб Торнтон, славната актерка, која важи за една од најсексапилните актерки на сите времиња, е повеќе од здодевна во кревет.
Освен тоа, Анџелина Џоли има признато дека сака да ја пие крвта на нејзините љубовници! Првпат го сторила по првиот секс.
Поврзани објави
„Почнав да имам односи со моето момче и сексот и емоциите едноставно не ми беа доволни. Веќе не бев девојче. Во еден момент посакав да му бидам уште поблиска, па зграбив нож и го исеков. И тој ме исече мене. Имавме некаква размена, бевме покриени со крв, срцето ми чукаше забрзано“, изјавила таа.
50 Сент
Деталите за познатиот рапер ги открила еротска го-го танчарка, која изјавила дека откако само се милувале некое време, морала да го праша: „Ќе го направиме тоа или само ќе разговараме цела ноќ?“
Чарли Шин
Уште едно неверојатно изненадување е Чарли Шин. Иако актерот е познат по развратниот и блудниот живот, тоа воопшто не е гаранција дека тој е добар љубовник.
Неговата поранешна сопруга Дениз Ричардс тврди дека додека биле во брак, тој бил многу себичен љубовник.
„Му беше важно само да се задоволи себе! И често инсистираше да гледаме порно-филмови пред и за време на сексот, иако стопати му кажав дека ми пречи тоа, но нему не му беше гајле“, искрено зборувала Дениз во едно интервју.
Колин Фарел
Најголемиот холивудски фраер, Колин Фарел, исто така го бие глас дека е нула во кревет. Една негова љубовница за една вечер изјавила дека изглумила оргазам од пристојност. Колин бил толку лош љубовник што по десетминутен секс веднаш заспал.
Многумина се изненадени откако ќе го прочитаат овој список. Дали и вие се изненадивте?