Познатиот водител на временската прогноза на Сител им се „пожали“ на обожавателите.
Спасе Јовановски познат и како Спасе Рола редовно ги информира гледачите на временската прогноза какво време ги очекува во текот на денот, додека, пак, своите следбеници на Инстаграм најчесто ги забавува и расположува со своите духовити забелешки, коментари и фотографии.
Овој пат, познатиот водител ги загрижи обожавателите објавувајќи фотографија со преврска на дланката.
Коа ќе леташ ко КУНГ ФУ ПАНДА и ќе поминеш без ниедна гребнатина, само со мала пукнатина!“, стои во описот на објавената фотографија.
Поврзани објави
Ќе се согласите дека ова е доволна причина да му се јавиме и да го прашаме како се повредил и дали е во ред сè…
Летнав со тротинетот, тркалото удри во една од многуте дупки на патот и завршив на жешкиот асфалт. Веднаш отидов во болница каде што ми констатираа пукнатина на едно од ковчињата на дланката. Ми ставија лонгета и ми направија преврска, а ќе мора да ја носам до 2 август. Не чувствувам болки, благодарам за прашањето“, ни одговори Спасе.
Ние му посакуваме брзо закрепнување за да може Илинден да го прослави со сиот свој сјај.
Фото: Инстаграм