111
Естонскиот парламент денеска ја потврди смената на досегашната премиерка Каја Калас. На таа позиција ќе ја замени министерот за клима Кристен Михал.
Калас, која е на чело на владата од 2021 година, неодамна поднесе оставка за да ја преземе функцијата висок претставник на Европската унија за надворешна политика.
Михал (49), кој исто како Калас е од либералната Реформска партија, ќе ја предводи истата мнозинска коалиција на десниот центар како и неговата претходничка, заедно со либералната партија Естонија 200 и социјалдемократите.
Новата влада утре треба да положи заклетва. паг/Фото: Х .
Извор: МИА