53
Денес ставивме потпис на еден значаен документ преку кој Кисела Вода станува првата општина во #Македонија во која деца што имаат потреба, ќе добиваат бесплатни психолошки, логопедски и дефектолошки третмани, а професионална поддршка ќе има и за нивните семејства.
Како општина која во континуитет активно презема мерки и активности во интерес на своите граѓани особено во делот на социјалната заштита, на Центар за психофизичко здравје ,,Гаспар” му обезбедивме простор во Припор, додека тие го обезбедуваат стручниот кадар-тимот од логопеди, психолози, специјални едукатори и рехабилитатори, за што посебно сакам да му се заблагодарам на Фики Гаспар од ,,Гаспар” – Центар за психофизичко здравје.
Како што денес дискутиравме и со него и со нашиот гостин, проф.д-р Владимир Илиевски, работата со стручни лица кога е евидентиран некаков проблем или пречка кај младите лица, дава огромни резултати, па придобивките од овој проект е бидат значајни и индивидуално и за целата наша заедница.
Посебно е важно што договоривме и обуки за кадрите во училиштата и градинките, со цел да се осигураме дека сите деца добиваат соодветна и квалитетна поддршка.
Ова е само почеток на нашата соработка и се надевам дека и со овој и со проектите кои следуваат, ќе обезбедиме помош за оние на кои им е најпотребна и ќе го подобриме животот на сите граѓани на општина Кисела Вода.
Сите заинтересирани можат да добијат повеќе информации на следните контакти:
Надица 077/560-019
Маријана 070/285-343