Македонците заедно со претставиците на уште седум малцинства во Албанија се обединија – преку заедничка декларација упатија порака дека не ги признаваат резултатите од пописот и бараат повторување на статистичката операција.
Според нив, постоела вмешаност во процесот на како што велат, државни функционери и структури, без надлежност и законска оправданост, за што тврдат и дека имаат веродостојни пријави. Бараат од ЕУ и Советот на Европа да не ги признаваат резултатите. На документот инаку, стојат потписите на сите признати малцинства во Албанија, освен на бугарското.
Претставнциите на осум малцинства во Албанија, без бугарското затоа што Бугарија го призна пописот уште не завршен, ги ис попис за да се види реалната бројка. Во резолуцијата се евидентирани и сите прекршоци кои ги евидентиравме на пописот. Ние како Македонци наведовме се што Бугарија вршеше за време на пописот, сите мешања и обиди за асимилација, – Васил Стерјовски – Претседател на Мкажавме нашите ставови дека бројките на пописот се манипулриани и не ја прикажуваат вистинската слика и бараме Албанија да спроведе нов попис.
Стерјовски вели и дека очекува прашањето да биде покренато во албанскиот парламент, а потоа да бидат викнати и на состанок во потомитетот за човекови права. Проблемот како што кажа, ќе го покренат и пред европските власти во Брисел и Стразбур.
Ќе ги искористиме сите правни инструменти. Со грчкиот пратеник во албанското собрание се договоривме прашањето да биде покренато во парламентот. Чекаме да не викнат и во поткомитетот за човекови права. Повторно ќе ги известиме Советот на Европа и ЕП / Ова беше конкретен пример како Албанија дозволи притисок од Бугарија на која и ги подари овие бројки кои не се реални, ова е пописен инжињеринг за Албанија да не биде попречена на европскиот пат,- Васил Стерјовски – Претседател на МАЕИ .
Според резултатите бројот на Македонци е паднат на 2.281 лице, а бројот на лица кои се изјасниле како Бугари е трипати поголем, односно во Албанија според резултатите има 7.957 Бугари, иако на сите претходно пописи кај нашиот источен сосед, речиси и да немало лица кои се изјаснувале како такви. Македонците од Албанија пред почетокот на пописот, но и за време на статистичката операција алармираа дека се врши притисок и обид од Бугарија на сила да создаде бугарско малцинство. Сепак, директорката на Институтот за статистика Елса Дули пред две недели ги отфрли обвинувањата од страна на малцинствата. Според неа, пописниот процес бил транспарентен и спроведен со професионализам.
Post Views:
99
Извор : vesnik-ilinden.com
Македонското и уште седум малцинства во Албанија со заедничка декларација бараат нов попис (ВИДЕО)