Почетна СветЗапочнувањето на изградбата на Коридорите 8 и 10-Д може да започне: Договорот со “Бехтел и Енка” е потпишан во вредност од 1,5 милијарди евра.

Започнувањето на изградбата на Коридорите 8 и 10-Д може да започне: Договорот со “Бехтел и Енка” е потпишан во вредност од 1,5 милијарди евра.

од nenad
1 минути читај за

Конзорциумот „Бехтел и Енка“ потпиша договор со Јавното претпријатие за државни патишта за изградба на четири автопатски делници во должина од 110 километри на коридорите 8 и 10 д во наредните пет години. Изградбата ќе чини 1,3 милијарди евра. Надзорот за проектот ќе го врши ИРД инжинеринг, кој како консултант за финансиски трансакции во име на Владата изминатиот месец ги водеше преговорите со конзорциумот. Проектот е од исклучително значење за подигнување на нивото на квалитетот на патната инфраструктура, а Северна Македонија преку делниците од коридорите 8 и 10д станува уште позначајна регионална и транспортна рута. Проектот е од важност за поврзувањето на регионот и подигање на квалитетот на животот на граѓаните.