Почетна ПопуларноОсмани за БГНЕС: Ќе се погрижиме да има нулта толеранција за насилство – Примитивизам е што ме нарекуваат “Бугар Османи”

Османи за БГНЕС: Ќе се погрижиме да има нулта толеранција за насилство – Примитивизам е што ме нарекуваат “Бугар Османи”

од nenad
1 минути читај за

Уште еднаш го осудувам нападот врз Христијан Пендиков. Македонија ќе се погрижи да има нулта толеранција за такви напади. Државата ќе се погрижи да се создаде ваква атмосфера на нулта толеранција над насилството, особено кога тоа е меѓуетничко.

Ова го изјави министерот за надворешни работи на РМ, Бујар Османи, во одговор на прашање на БГНЕС,.

Според Османин тоа што многу често во Македонија го нарекуваат „Бугар Османи“ е тип на примитивизам во РМ кој води до насилство како она против Христијан Пендиков.

„Јас сум одговорен за работата на институциите и владата и ве уверувам дека институциите ќе направат се за да се создаде атмосфера на нулта толеранција за провокации и насилство врз која било заедница во Република Македонија поради нејзиниот идентитет, кажете го ова од името на државата“, рекол Османи.

Инспирирано од: infomax.mk