Почетна Убавина и здравјеСакате да имате меки и заводливи усни? Овие совети се за вас! – Убавина и здравје

Сакате да имате меки и заводливи усни? Овие совети се за вас! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Повеќето луѓе страдаат од испукани усни. Сувите усни можат да бидат резултат на повеќе фактори, а повеќето од нив можат да бидат избегнувани.

Дехидратација

Најчестата причина за појавата на суви усни е многу едноставна – дехидратацијата. Доколку телото нема доволно вода, тоа ќе го покаже тој недостиг.

Сонце

Кожата на вашето тело значително се оштетува од сонцето, а усните не се исклучок.

Ветер

Доколку ги оставите усните незаштитетни, а има силен ветер, ризикувате да се исушат и да испукаат.

Недостаток на витамини и минерали

Особено треба да внимавате на внесувањето на витамини A, Б, Ц и железо. Недостатокот на железо во крвта (анемијата) може да биде причина за појавата на испукани усни.

Постојано лижење на усните

Доколку постојано ги лижете вашите усни, со тоа вие не им ја давате потребната влажност. Напротив, ќе ги направите уште посуви.

Козметика

Некои кармини и балсами за усни ги сушат усните. Бидете внимателни во изборот на козметика. Избегнувајте балсами за усни кои содржат фенол и камфор.

Дишење на уста

Поврзани објави

Доколку имате затнат нос или поради друга причина дишете со уста, тогаш најверојатно ќе имате суви усни.

Пушење

Повеќето пушачи знаат дека оваа штетна навика им носи многу непријатни последици. Дел од тие последици се и сувите усни и лошиот здив.

КАКО ДО МЕКИ И ЗAВОДЛИВИ УСНИ?

Ексфолијација

Ексфолијацијата е многу важна за одржувањето на убава кожа. Поради тоа што се многу понежни од останатата кожа, усните бараат дополнителна грижа. Ексфолијацијата на усните е добро да се применува 2-3 пати неделно.

  1. Премачкајте ги вашите усни со вазелин. Оставете го да дејствува 2-3 минути.
  2. Земете мека четка за заби и нежно тријте ги усните со кружни движења.
  3. Четката за заби ги ексфолира усните, а вазелинот им ја дава потребната влажност. Откако ќе завршите, оставете дел од вазелинот на усните.

Четката за заби можете да ја замените со шеќер или мелено кафе. Сè што треба да направите е да ги помешате со вазелинот и ќе добиете еден вид на пилинг.

Совети

Пијте многу вода

Пиењето доволно количество вода не дозволува телото да биде дехидрирано.

Заштитете ги усните од сонце или ветер

Користете балсам за усни со висок заштитен фактор ако планирате да го поминете денот под зраците на сонцето. Балсамот за усни ја заштитува кожата на усните и од ветер.

Избегнувајте го кофеинот, алкохолот и пушењето

Алкохолот и кофеинот водат до дехидратација на телото.