132
Тито и Јованка го обожавале овој мек македонски колач кој се приготвува многу лесно
Состојки: (мерката е шолја од 150 мл)
- 5 шолји брашно
- 3 шолји гриз
- 100 г суво грозје
- 100 г ореви, покрупно сечкани
- 1 кесичка прашок за печиво
- 1-2 лажички цимет
- 1,5-2 шолји масло
- 5 шолји кисела вода
- уште 50 г сечкани ореви
За преливот:
Поврзани објави
- 250 мл вода
- 250 г шеќер
- 2 кесички ванилин шеќер
Приготвување:
Измешајте ги сувите состојки (брашното, гризот, прашокот за печиво, сувото грозје, оревите, циметот и шеќерот), па додајте масло и кисела вода. Потоа, префрлете ја смесата во плех да се пече и ставете ги оревите одозгора.
Кога ќе се испече, оставете го колачот да се олади. Потоа, сварете прелив од шеќер и вода, па сипете ја преку колачот. Оставете го добро да се натопи, па послужете го.