Засега никој не знае што се случило, но каналот на пејачката на Јутјуб, каде е објавен новиот албум, денеска нема содржина.
Пејачката веќе извесно време е во врска со композиторот Горан Ратковиќ Рале, а партнерството го префрлија во студио каде заедно работеа на нејзините нови песни. Неодамна и двајцата потврдија дека напорно работат на подготовката на албумот, а потоа ненадејно пред три дена, на големо задоволство на нејзините фанови, албумот на Јутјуб беше објавен под името „Hvala, doviđenja“.
Сите важни датуми во мојот живот се поврзани со бројот 27. Родена сум на 27 септември, слава ми е на 27.10. и затоа и овој албум го објавувам на 27.06. Погодете на кого ќе му горат ушите?! Благодарам – пријатно! Ваша Ана…“ – се обрати Ана на својата публика.
Поврзани објави
Новите песни на Ана беа објавени на новиот канал на Јутјуб и веднаш почнаа да се слушаат и коментираат. Сепак, веќе неколку часа нема ниту една објава, каналот нема никаква содржина.
Засега не е позната причината зошто албумот на Ана е тргнат од платформата, а пејачката и нејзиниот партнер и соработник Горан Ратковиќ Рале не ја коментираат оваа ситуација.
Фото: принтскрин
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: