Сека Алексиќ денеска е среќно мажена за сопругот Вељко Пиљикиќ, со кој има два сина Јаков и Јован.
Таа сега проговори за своето минато во подкаст и откри дека го фатила еден од нејзините поранешни партнери како изневерува.
Поврзани објави
„Еднаш доживеав дека ме изневерува и сама го открив“, изјавила пејачката, пренесува „Блиц“, и додала:
„Копав, затоа што чувствував дека сум во право, од него забележав дека нешто се случува, и жал ми е што не го средив брзо! Го чувствував тоа и порано и сакав да раскинам со таа личност, но ете, чекав да видам што се вели ЦРНО НА БЕЛО!“
Како што кажа Алексиќ, таа веднаш ставила точка на таа врска, а потоа во нејзиниот живот се појавил Вељко, нејзиниот сегашен сопруг.