Почетна Убавина и здравје Нема да го заборавам никогаш Божиќ од таа година – Вистината која ќе ве расплаче и допре длабоко во срцето

Нема да го заборавам никогаш Божиќ од таа година – Вистината која ќе ве расплаче и допре длабоко во срцето

од nenad
1 минути читај за

Нема да го заборавам никогаш Божиќ од таа година – Вистината која ќе ве расплаче и допре длабоко во срцето
Објавено на 11/16/2022

Нема да го заборавам никогаш Божиќ од таа година. Имав 14 години, мојата сестра Марија имаше 16, а пак Јана –другата сестра- уште немаше наполнето 18 години. Бевме само ние трите и мама. Тато беше починат пред 5 години во една несреќа во рудникот. Еден месец пред Божиќ, нашиот свештеник нѐ извести сите, дека планира да направи една хуманитарна акција за најсиромашното семејство во црковната општина. Побара од сите за време од еден месец да заштедиме неколку пари за да ги подари на таа фамилија. Се мислевме што можевме да направиме ние четирите. Планот на мама беше да јадеме цел месец само компири. На тој начин ќе можевме да заштедиме 300 леи. Исто така, ако навечер седевме со сијалицата изгасена, ќе можевме да заштедиме уште 100 леи. Јас и Марија чистевме во неколку куќи на богати луѓе, а Јана продаде неколку честитки направени од неа. Навечер, на темно, си разговаравме и си замислувавме колку многу ќе се радува таа фамилија. Во црковната општина бевме ние и уште 80 членови, а мајка ми имаше пресметано дека ќе се соберат уште 20 пати повеќе од тоа што имавме ние, затоа што отецот нѐ потсетуваше секоја недела за оваа акција.
Страни: 1 2 3

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING