Фото: УЕФА
На Европското првенство денеска ќе се играат уште три натпревари, а во центарот на вниманието секако е натпреварот на поранешните европски шампиони, Холандија и Франција.
Програмата од 15:00 часот ќе ја отворат Словачка и Украина кои играат во рамките од групата Е, а Словаците се во ситуација по сензационалната победа против Белгија и бод да им биде доволен за осминадинале, иако пред почетокот на групите им се даваа најмали шанси.Од друга страна Украина мора да победи ако сака да ги задржи шансите. Украинците во првото коло беа надиграни и поразени од Романија со 3:0.
Потоа следат два натпревари од групата „Д“. Полска и Австрија беа поразени во првите натпревари и меѓусебниот дуел ќе биде од голема важност за место во следната фаза. Тешко е да се каже кој е фаворит. Роберт Левандовски според последните најави треба да биде спремен за настап откако го пропушти првото коло.
Од 21:00 часот не чека натпреварот на денот Холандија и Франција би требало да одлучуваат кој ќе биде прв во оваа група. Килијан Мбапе заработи скршеница на носот против Австрија, но според последната изјава на Дешам ќе биде спремен да настапи вечерва. Холандија пружи добра игра со Полска, меѓутоа сега пред себе ќе има еден од главните фаворити за евроспкиот трон. Сепак, треба да се каже и дека играта на Французите во првото коло против Австрија и покрај тоа што победија не беше ветувачка и ќе видиме како ќе изгледаат денес.
15:00: Словачка – Украина
18:00: Полска – Австрија
21:00: Холандија – Франција