Пејачката е снимена во живо и воодушевува колку е згодна, додека нејзиното лице кажува сè!
Џенифер Лопез е милји далеку од Бен Афлек, само три недели откако решија да го продадат домот во Калифорнија што го купија по нивната венчавка во 2022 година. Пејачката е на одмор во Италија, каде што беше со сопругот по нивната венчавка, но сега таму е со пријателите, додека актерот и режисер престојува во Бретвуд и се грижи за децата од бракот со Џенифер Гарнер.
Пејачката и актерка е во Италија со својот продуцент Бени Медина, кој, како што велат извори, не го сака Бен Афлек, пишува Дејли мејл.
Дека е расположена (барем пред фотографите) докажува видеото од Италија, а претходно изгледаше прилично намуртено пред папараците. Нејзината постојано послаба фигура дојде до израз во елегантните шорцеви кои ги носеше и засега нема разлика од нејзиниот изглед во живо и она што го претставува на Инстаграм.
Поврзани објави
Видеото од одморот на Џеј Ло во Италија пожете да го погледнете ТУКА.
Џеј Ло и Афлек се’ уште не објавиле дека се разведуваат, а упатените тврдат дека тоа ќе го направат во петок, пред четврти јули.
Обожавателите сега го чекаат тој датум, некои навиваат за нив, а други се портив тоа што Џеј Ло ѝ даде втора шанса на старата љубов.
Она што ги поттикна гласините за развод е продажбата на куќата за која Џеј Ло смета дека е преголема, додека на Афлек му пречи тоа што домот е далеку од неговите деца. Да потсетиме, актерот има три деца со колешката Џенифер Гарнер. Џенифер Лопез ги доби близнаците Ема и Макс во бракот со Марк Ентони, и зад себе има три брака.