Почетна Убавина и здравјеПоради ова приведен е МЦ Стојан! Хрватската полиција објави детали од случајот со српскиот рапер

Поради ова приведен е МЦ Стојан! Хрватската полиција објави детали од случајот со српскиот рапер

од nenad
1 минути читај за

Пејачот вчера по трет пат беше приведен во Хрватска, а сега локалната полиција објави и зошто…

МЦ Стојан изминативе денови беше во центарот на вниманието на јавноста поради раскинувањето со младата пејачка Зорана Миќановиќ, а вчера ги извести своите следбеници дека е приведен во Хрватска.

Хрватската полиција денеска излезе со соопштение за тамошните медиуми и ја наведе причината за апсењето на српскиот рапер.

Поврзани објави

Вчера, на 16 јуни, од страна на полициски службеници на ПГП Бајаково, извршена е темелна гранична контрола на споменатиот државјанин на Србија, при излез од Република Хрватска, со цел да се соберат информации за возачот на возилото кој сторил прекршок – пребрзо возење, утврден со безбедносна камера која ја мери брзината. По извршената проверка, тој е пуштен да излезе од Република Хрватска“ – изјавија за хрватскиот портал Индекс од Полициската управа на Вуковар.

Инаку, ова е трето апсење на МЦ Стојан во Хрватска. Првпат бил приведен во 2017 година кога учествувал во тепачка, а приведен е и во април годинава.

Фото: Инстаграм