Почетна Убавина и здравјеВО МАКЕДОНИЈА Е ВО ТЕК МАКСИМУМОТ НА ОВОЈ МНОГУ ТОПОЛ АФРИКАНСКИ БРАН: Денес температури и до околу 40, 41 степен – Без потреба не излегувајте

ВО МАКЕДОНИЈА Е ВО ТЕК МАКСИМУМОТ НА ОВОЈ МНОГУ ТОПОЛ АФРИКАНСКИ БРАН: Денес температури и до околу 40, 41 степен – Без потреба не излегувајте

од nenad
1 минути читај за

Метео прогноза на Славчо Попоски:

Денес во Македонија го очекуваме вториот најтопол ден досега оваа година, што значи дека ќе биде уште потопло дури и од вчерашниот ден. Денес максималните дневни температури во Македонија ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 40, 41 степен.

Времето ќе биде сончево со мала локална облачност, а ќе дува и топол ветер од југозападен правец кој повремено ќе биде и засилен на интензитет.

Во Скопје максималната дневна температура денес ќе се искачи до околу 36, 37 степени.

Ув индексот ќе има многу висока, до екстремно висока вредност и ќе има коефициент некаде помеѓу 8 и 9, па токму поради ова апелираме граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот, односно од 11 до 17 часот, и секако да пијат повеќе течности. Исто така поради мачното и спарно време, температурите ќе ги чувствуваме како да се многу повисоки од реално измерените.