Во два наврати судиите гласале за предложените кандидати, при што ниту еден од кандидатите не го добил потребното мнозинство од 6 гласа, па оттаму информираат дека со согласност на сите судии било договорено седницата за избор да продолжи во понеделник, на 3-ти јуни.
Вчера ниту една од кандидатките не ги доби потребните гласови по трите гласања. Во трка беа судијките Татјана Васиќ Бозаџиева и Ана Павловска Данева.Согласно Деловникот, постапката за избор се повторува се додека не се избере претседател на Уставниот суд.Мандатот на претседателот на Уставен суд е три години, без право на реизбор.На се уште актуелната претседателка на Уставниот суд – Добрила Кацарска, мандатот ѝ завршува на 2-ри јуни, во недела.