На средбата се разговарало за актуелните настани во Македонија и неопходноста од продолжување на евроатлантскиот пат на земјата, како клуч за стабилноста.
– Евроинтегративниот процес, посветеноста кон функционалната мултиетничка демократија и почитувањето на трите договори се неопходни за зачувување на стабилноста на земјата и регионот, нагласил Османи.
Османи се заблагодари за континуираната поддршка од САД за реформските процеси, борбата против корупцијата и демократскиот развој на Македонија. Ја нагласил и посветеноста на земјава во спроведувањето на активностите кои произлегуваат од Стратешкиот дијалог меѓу Македонија и САД, кој Османи и Блинкен, заеднички го лансираа во Вашингтон, во јуни 2022 година.Како што соопштија од МНР, соговорниците се осврнале и на руската воена агресија во Украина, истакнувајќи дека како стратешки партнери и НАТО сојузници стоиме обединети во поддршката за украинскиот народ