Нова провокација од Бугарија во односите меѓу двете држави.
Над 200 лица од Бугарија, со знамиња, скандирања Македонија е бугарска и постери со ликот на Цар Борис трети ја одбележаа годишнината од смртта на Мара Бунева.
По Црковната богослужба во Св. Димитрија во центарот на Скопје, присутните се упатија кон спомен плочата на Бунева на градскиот кеј.
Поворката, во првиот ред ја предвоше бугарскиот европратеник Џамбаски. Негира дека настанот е провокација. Вели, во Скопје дошле со партиските наместо државното знаме. Побара да престанат како што вели, притисоците врз Бугарите во земјава.
Пред спомен плочата на Бунева се поклони и лидерот на Преродба, за кого македонскиот премиер Ковачевски, рече дека не е пожелен во земјава.
Но, начинот на кој се одржува одбележувањето, го осудуваат дел од Бугарите во земјава. Велат, ваквиот начин не придонесува за подобрување на одностите меѓу двете држави.
Иако во земјава се појавија двајцата бугарски политичари за кои македонскиот премиерот порача дека не се пожелни, нема реакции ниту од владата, ниту од Министерството за надворешни работи.