107
Камион вез возач удри во поголема група деца собрани на настан во регионот Сузак во Киргистан, при што биле повредени околу 30 од присутните.

Локалното Министерство за здравство соопшти дека многу од жртвите се на возраст меѓу девет и 16 години, а за три се вели дека се во тешка состојба.

Тие учествувале на натпревар во селото Жерге-Тал каде што децата се собирале да читаат поема, објавија локалните медиуми.

Во тек е истрага за несреќата и за тоа како камионот останал без возачот и зошто не била подигната кочницата додека возилото било оставено само.