89
„Живееме под едно небо, делиме исти проблеми, исти предизвици. Маката ни е иста, и копнееме по заеднички работи. Денес Македонија е држава каде управуваат стотина души кои ги запоседнале институциите и грубо ги злоупотребуваат. Секој тендер поминува низ нивни раце, за секој бизнис процентот на добивка го определуваат истите луѓе. Тој артаноиден систем стана синоним за корупција и неказнет криминал. Систем на искривени вредности и непринципиелност која државата ја носи во пропаст”, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од митингот во Тетово.Мицкоски додаде дека доаѓа ново време, се врти нов лист, нов почеток.
Може да ве интересира и...
- Гаревски: ЕСМ да ги отстрани цевките за топлификација за да може да се работи на санација на „Беласица“
- По апсење на тројца функционери на општина Тирана, опозицијата протестира со фрлање молотови коктели кон институцијата
- Годишен раст на „зелените кредити“ од 15% заклучно со јуни 2024 година
- Честитки од Сиљановска и Мицкоски по повод 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците