Руските трупи ја презедоа контролата врз центарот на Соледар во ДНР, изјави за Канал 1 Денис Пушилин, вршител на должноста шеф на регионот.
„Во Соледар, според последните информации, центарот на Соледар е под контрола на единицата Вагнер, а тука момците се зацврстија на едната и на другата страна. Тие веќе ефикасно одат напред“, рече тој.
Според Пушилин, украинските трупи во битките кај Соледар претрпуваат сериозни загуби. Тој истакна дека мотивацијата на руските војници се уште е на повисоко ниво, како резултат на што постигнуваат успех.
Вчера наутро се дозна за ослободувањето на селото Бахмутскоје, кое се наоѓа во околината на Соледар, североисточно од Артемовск. Овој град е важен транспортен центар, низ него минува мрежа од патишта и железници, преку која се снабдува украинската групација на војници во Донбас.
За двата града се водат жестоки битки.