Почетна МакедонијаСептемвриската програма на Кинотеката носи неколку убави изненадувања

Септемвриската програма на Кинотеката носи неколку убави изненадувања

од nenad
1 минути читај за

По летната пауза вратите на Кинотеката, домот на седмата уметност, во септември повторно се отвораат. Разновидноста, во неколку форми, е карактеристика на оваа понуда за гледачите. Различни жанрови, разновидни земји во кои се продуцирани, разновидно време во кое се создадени. Оваа инклузивност го подразбира и значителниот број на регионалните копродукции, како дел од месечната програмска понуда.

Програмата ќе стартува со турско-македонската копродукција „Најтешкото нешто“, снимена по сценарио на Оливер Ромевски, а во режија на Сердар Акар. На ова се надоврзуваат играни, документарни, музички филмови кои го имаат префиксот, како и почетните – регионални копродукции. Публиката во Кинотеката ќе биде во можност да ги проследи играните филмови „Здрави и живи“, „Штркот“, како и нешто постариот „Караула“ во режија на филмскиот волк Рајко Грлиќ.

На програмата ќе се најде и музичкиот документарец „Ефтеркланг: Македониум бенд“, кој го отвори годинашното издание на фестивалот „Синедејс“. Филмот е данско-македонска копродукција и е првиот филм каде што како продуцент се јавува МКЦ. Средишната септемвриска понуда е изненадувачка. Станува збор за веќе редовниот и со нетрпение очекуван Фестивал на нем и класичен филм. Всушност, тоа е шестдневна можност да се видат ваквите, веќе подзаборавени, а легендарни кинотворби. Ова е вистински подарок за сериозните филмофили.

Тоа што понатаму следува е, исто така, скапоцен подарок. Филмскиoт гигант Скорсезе и почитуваниот наслов „Бандите на Њујорк“. Сето ова што ќе може да се погледне и доживее, можеби за првпат, можеби повторно, е за почит и наклон. Впрочем, Кинотеката на Македонија на ваков начин го задржува високиот рејтинг на прикажувач на филмските творби.