Ги воодушевија нејзините следбеници
Постариот син на Сека, Јаков, кој во септември наполни осум години, покажа дека е и вредно и духовито момче…
Пејачката Сека Алексиќ често е активна на социјалните мрежи, а снимките од семејната куќа кои ги објави денеска на Инстаграм ги воодушевија нејзините следбеници.
Имено, познато е дека Сека живее надвор од Белград и дека направила вистинска мала оаза на мирот за своето семејство и за себе, но и дека е голем љубител на животните, па така, меѓу другото, одгледува кокошки и јагниња. Сека има и градина, со разни видови на зеленчук кои сама го одржува.
Овој пат помош имала и од синот Јаков кого ни помалку ни повеќе го снимила како ја полева градината.
Поврзани објави
„Како оди?“, се слуша како Сека го прашува Јаков.
„Никако“, одговара момчето.
„Тежок ли е животот?“, прашува Сека низ смеа.
„Да… Не е лесно да се биде дете“, хумористично одговори Јаков.
Инаку, пејачката се пофали со домашни јајца како и тоа дека има јагнињата.
Пејачката успеала да го „фати“ и сопругот кој се шетал со помалиот син, па очигледно е дека во нивниот дом владее вистинска семејна идила.
Фото: социјални мрежи
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: