Почетна ПопуларноТешка сообраќајна несреќа во тетовско: Неколку повредени меѓу кои и дете

Тешка сообраќајна несреќа во тетовско: Неколку повредени меѓу кои и дете

од nenad
1 минути читај за

Страотна сообраќајна несреќа: Повредени неколку лица меѓу кои и дете.

На 08.01.2023 во 14.15 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локалниот пат с.Челопек-с.Стримница, пред влез за с.Стримница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, управувано од И.С.(55) од с.Челопек и патничко возило „фолксваген голф“, управувано од Н.И.(58) од с.Стримница, двете со тетовски регистарски ознаки, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ѓ.И.(61) од с.Стримница, сопатничка од возилото кое го управувал Н.И., а со телесни повреди се здобиле возачот Н.И. и малолетен сопатник од возилото кое го управувал И.С., констатирани во Клиничката болница во Тетово.

Инспирирано од: infomax.mk