–Воодушевена сум од она што денес го видов во производствените капацитети на оваа компанија. И како што реков, чест мие е што од 28 февруари и штипска „Актива“ е веќе сертифицирана и може да учествува на НАТО пазарот, рече Петровска.
Министерката уште нагласи дека на почетокот на март, годинава имала успешна средба со претставници на НАТО Агенцијата за набавки и со македонски компании, при што биле презентирани можностите, како македонските компании можат да учествуваат во набавките и во НАТО Агенцијата и на НАТО пазарот.
– Пазар е многу голем и е одлична шанса за развојот на македонската економија.Јас овој позитивен пример на оваа компанија би го дала како пример и за останатите компании во Република Северна Македонија, кои досега не пристапиле до Министерството за одбрана за нивна регистрација на НАТО пазарот да го искористат како успешен пример. На компанијата и посакувам во наредниот период да биде и учесничка на НАТО пазарот и таа за кратко време да не извести за склучени договори во Алијансата, изјави Петровска.
Петровска посочи дека првиот чекор кој компаниите го направија е веќе завршен, а тоа е процесот на регистрација, односно верификација од страна на Министерството за одбрана дека тие имаат способности и ги исполнуваат условите да настапат на НАТО пазарот.
– И втората можност со која што во наредниот период уште повеќе Министерството за одбрана ќе се потруди да им помогне, а тоа е преку испраќање на свој претставник во НАТО Агенцијата за набавки и да им го овозможи пристапот до НАТО пазарот. НАТО пазарот е многу голем, тој а над пет милијарди евра на годишно ниво, и тука е можноста секоја од гранките кои ги имаме да се пријават и да учествуваат. Свесни сме дека тој НАТО пазар е предизвикувачки, бара исполнување на високи стандарди и критериуми, меѓутоа тука е и државата, Владата, министерството соодветно да го поддржат тој процес, истакна Петровска.
При посетата на штипска „Актива“ министерката Петровска потенцира дека списокот со македонски компании може да се проширува, а тоа зависи од самите нив. Инаку, сертификати и пристап до НАТО пазарот имаат компании од различни сектори.
– Различни се секторите – градежништво, прехрана, некои од нив и угостителски услуги нудат во смисла на организација и настани. Секакви компании имаме, транспортни, компании кои се занимаваат со трговија на нафта и нафтени деривати, широк е спектарот на компании. Се што ги опфаќа потребите на Алијансата пресликајте што се случува во Министерството за одбрана, односно каков вид на набавки склучуваме на годишно ниво буквално секоја компанија е потребна, рече Петровска.Сопственикот на компанијата „Актива“-Штип, Иле Николов при денешната посета на министерката Петровска изјави дека со овој сертификат се отвара една нова визија и во нивниот производен програм.
–Цениме дека покрај досегашните сериозни партнери коишто ги имаме од Европа и пошироко дека и овој дел, овој сегмент што сега го добивме како сертифика,за да може да учествуваме на тендерите на НАТО пазарот ќе биде уште една можност да се докажеме и на овој пазар за којшто министерката кажа дека е доста сериозен, доста голем и се надевам дека со нашиот производен програм ќе можеме да се вклучиме во еден дел од потребите за НАТО индустријата, рече Николов.