Почетна СветЕвропол откри активни 821 криминални мрежи низ Европа

Европол откри активни 821 криминални мрежи низ Европа

од nenad
2 минути читај за

Европол ги анализираште „најопасните“ банди во Европа, покажувајќи вознемирувачките податоци на организиран криминал на континентот. Бандите функционираат како меѓународни, контролирачки и деструктивни организации, а Европол истакна загриженост. Извештајот излезе откако сите земји членки на ЕУ и 17 земји партнери на Европол, ги дадоа своите податоци.

Според извештајот, во Европа постојат активни 821 криминални банди, или 25.000 луѓе кои работата во овие опасни мрежи. Повеќето од овие криминални банди се фокусирани на трговија со дрога (секоја втора).

После дрогата, најзастапена нелегална активност е трговијата со луѓе.

Криминалните мрежи составени од не ЕУ државјани најчесто доаѓаат од Кина, Грузија, Турција, Украина, Обединетото Кралство, Грузија, Исланд, Нигерија, БИХ и пред се Албанија.

Албанските мрежи главно се состави со членови од албански банди, и се фокусирани на пазарот на кокаин во Белгија, Франција, Германија, Италија, Шпанија и Холандија.

Европол во извештајот го споменува успехот на уништување на големата алабанска банда од 2023 година, која носела дрога во контејнери во Белгија. Дрогата била внесена во Германија со автомобили и потоа дистриубирана во Европа.

Бандите од Западен Балкан се крајно брутални, истакнува Европол во извештајот.

„Некои од овие банди се спеицијализирани и имаат големо учесвство во есктремно насилство, киднапирања и егзекуции, корупција, перење пари, трговија со дрога, оружје, експлозиви, фалсификување документи“, се вели во извештајот.

Како пример за професионална криминална организација на Европол се споменуваат семејствата Ндрагета од Италија. Исто така Европол ја истакнува Србија, како централна земја за модификација на украдени автомобили, а најпогодени од овие кражби се Полска, Германија и Србија. Бандите за шверц на кокаин се активни во Белгија, Германија, Италија, Холандија и Шпанија, а оние со трговија за луѓе во Германија, Холандија, Послка и Украина.

Европол повика на поголема соработка меѓу полициските власти во Европа и Европол.


Post Views:
17

Извор : vesnik-ilinden.com

Европол откри активни 821 криминални мрежи низ Европа