Таткото на Златан Ибрахимовиќ не бил секогаш покрај својот син.
Златан Ибрахимовиќ важи за човек кој самоуверено чекори низ животот. Иако важи за еден од најдобрите напаѓачи на својата генерација и за еден од најплатените фудбалери, Златан никогаш не криел дека на почетокот на кариерата многумина го предизвикувале и не верувале во него и неговиот успех.
Меѓу луѓето кои се сомневале во него бил и неговиот татко, а својот однос со него славниот фудбалер го опиша во својата автобиографска книга.
Шефик Ибрахимовиќ, таткото на Златан, по потекло е од Босна и Херцеговина, а како емигрант во Шведска, долго време работел како чистач, а подоцна почнал да гради кариера како пејач на народна музика. Познат е по прекарот Кинко, а на својот син му посветил две песни.
Таткото на Златан Ибрахимовиќ отсекогаш ја сакал чашката и поради тоа му се распаднал бракот со мајката на Златан Јурка.
Златан кариерата ја почна во тимот на МБИ заедно со врсниците од Шведска, а по неколку години премина во тимот на ФБК Балкан. Разликата меѓу двата клуба била драстична и била создадена од татковците на трибините. Додека татковците на играчите во МБИ даваа поддршка со извици „Одиме момци. Добро е!“, во новиот клуб татковците ги пцуеја своите деца.
Поврзани објави
Си помислив, одлично, исто како дома. Ќе ми биде добро овде. Не ги гледаше моите игри, ниту ме охрабруваше на училиште. Тој го имаше своето пиење, неговата војна и неговата југословенска музика“, напиша Златан во својата автобиографија.
Златан Ибрахимовиќ во својата автобиографија го опиша својот тежок живот со својот татко, признавајќи дека често гладен одел на тренинзи.
Одев гладен на тренинзите, бидејќи татко ми чуваше само пиво во фрижидерот“, напиша фудбалерот.
Иако имал несреќно детство со својот татко, Златан подоцна се зближил со него. Самиот Шефик сфатил колку е успешен неговиот син, па престанал да пие, а во некои документарни филмови има сцени од разговорот на двајцата по натпреварите.
Дадов гол“, му вели Златан на својот татко по еден натпревар.
Повторно?! Па, ти не застануваш!, одговори тој.