Почетна МакедонијаМинистерот за труд и социјална политика го разреши директорот на Центарот за социјална работа – Радовиш

Министерот за труд и социјална политика го разреши директорот на Центарот за социјална работа – Радовиш

од nenad
1 минути читај за

-Со ваквите дејствија, загрозување на сигурноста, прекршоците за нарушување на јавниот ред и мир поради пијана состојба, учество во тепачка и навредување на службено лице на државен орган или друга институција која врши јавни овластувања во вршење на службата, Александар Филев со крајно несоодветно однесување, а притоа неводејќи сметка за јавниот углед и интерес на институцијата кој ја претставува, направил груба повреда на законот и статутот на институцијата, се вели во соопштението.

Во Законот за социјална заштита е предвидено дека директорот на установата може да биде разрешени пред истекот на мандатот за кој е именуван доколку постапува противправно, односно спротивно на јавните интереси.