Срам да ти е Дора Бакојани, порача српскиот претседател Александар Вучиќ затоа што грчката политичарка се залага за прием на Косово во Советот на Европа. Тој потсети дека Косово уште не ја формираше Заедницата на српски општини. Една од поентите што ги истакна Вучиќ во своето обраќање е промената на мислењето на Дора Бакојани, која три дена пред гласањето го смени мислењето за клучните прашања за Србија. Вучиќ е разочаран затоа што Бакојани одеднаш се покаја за нејзината претходна силна поддршка за Србија.
Можно е во април, Косово да влезе во Советот на Европа. Прифатен e предлогот на Дора Бакојани од Грција, Косово да стане член на Советот на Европа. Политичкиот комитет на Парламентарното собрание на Советот на Европа, деновиве за време на состанокот во Париз, со 31 глас „за“, четири „против“ и еден воздржан го усвои мислењето на Дора Бакојани.