Почетна ЕкономијаМорачанин: ВМРО- ДПМНЕ чесно да каже дали на мала врата сака да отвори промена на Уставот

Морачанин: ВМРО- ДПМНЕ чесно да каже дали на мала врата сака да отвори промена на Уставот

од nenad
1 минути читај за

 „Бидејќи бара промена на Уставот останува дилемата дали е тоа пат за отворање на Уставот па сега бидејќи ќе го намалуваме бројот на пратеници па ќе мора да се отвора Уставот за да се случат и други уставни промени, затоа мислам дека граѓаните заслужуваат јасен и чесен одговор без манипулации за да можат да донесат и јасна одлука за кого ќе го дадат или нема да го дадат својот глас- вели Морачанин.“ Таа објаснува дека ДОМ се залага за ветинг и докажување на потеклото на имот на сите функционери.

-Не може само да кажете нешто да се укине, туку мора да дадете и решение што ако тоа се укине, што ќе биде решението, рече во интервју за „Слободен печат“, Маја Морачанин коментирајќи ги најавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за укинување на Судскиот совет.

   

Таа смета дека е потребен ветинг и проверка на имотот на сите обвинители, судии, но и носители на високи државни функции.

„Ставот на ДОМ е дека се потребни темелни реформи во правосудството, ние бараме систем на проверка, на ветинг и на судии и на обвинители и на политичари и да се почне од проверката на потеклото на имот. Сите оние кои не можат да докажат од каде им е стекнат имотот, да не можат понатака да се бават со политика, да бидат судии, обвинители, јавни функционери, а се разбира дека треба и да одговараат пред законите“ вели Морачанин.

Морачанин посочи дека опозицијата блокира околу 80 закони во Собранието а меѓу нив е и Законот за рестриктивни мерки за кој упорно не се закажува седницата на матичната Комисија за надворешни работи со која претседава пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.Целото интервју погледнете го во продолжение: