Не постои друга опција освен конечна победа на Украина против агресорот Русија, вели министерот за одбрана Славјанка Петровска. Вели дека Македонија е на маса, рамноправна со другите земји членко на НАТО. Министерката зборуваше и за агресијата на Русија врз Украина.
„Испративме досега 14 пакети на помош во воена опрема, спроведовме обука на наше тло. Но, испративме силна порака. Ќе продолжиме да му помагаме на народот на Украина во борбата против агресорот Русија до конечна победа. Не постои друга опција за слободниот демократски свет освен победата на Украина во оваа неправедна војна, вели Петровска. Деновиве се одбележуваат четири години од членството на Северна Македонија во НАТО и 75 години од формирањето на Алијансата. Руската инвазија на Украина почна пред две години и еден месец.