Двегодишното девојче Данка Илиќ е исчезнато на 26 март во околината на Бор во источна Србија.
За прв пат е активиран системот „Најди ме“ (Amber Alert) со кој јавноста итно се информира за исчезнување на дете.Девојчето, како што се наведува во соопштението на системот, исчезнало во приградската населба Бањско Поле кај Бор.
Полицијата со кучиња е на терен, како и пожарникари-спасувачи, припадници на Планинарската спасувачка служба, јави Радио телевизија на Србија (РТС).Во потрагата по девојчето се користат и дронови со термо камери.
Тој овозможува брза дистрибуција на информации до сите граѓани, кога полицијата ќе оцени дека нивното објавување би придонело за пронаоѓање на детето.Итното известување вклучува испраќање пораки за исчезнувањето со сите релевантни информации, со прекинување на ТВ и радио програми, испраќање СМС пораки до сите граѓани, прикажување на екраните на автопатите, аеродромите, железничките и автобуските станици.