Почетна Македонија(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Започна изградбата на новата камбанарија на Црквата кај Смилковското езеро

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Започна изградбата на новата камбанарија на Црквата кај Смилковското езеро

од nenad
1 минути читај за

Оваа Црква и камбанарија се гради во слава и сеќавање на Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски, Кире Тричковски и Борче Стевковски кои беа свирепо убиени на 12 Април 2012 година на Велики Четврток.

Никогаш да не се повтори!

Никогаш да не се заборави!

Благодарност до градоначалниците

Дарко Костовски

Бог благослови денес на ден пред Прочка да се осветат темелите на камбанаријата на Црквата Св. 40 Маченици на Смилковското езеро која е изградена во спомен на убиените македонски чеда Филип, Александар, Цветанчо, Кире и Борче!

Овој Божји дом ќе биде сведок и паметник за една голема неправда, за еден злочин кој никогаш не смее ниту да се повтори, ниту да се заборави.

Старите велат: “Тој што не си ја почитува верата своја не е добар човек”.

Македонија е христијанска земја колку тоа на некој и да му пречи!

Христијанството во Македонија има иднина се додека има луѓе, лидери како Hristijan Mickoski и градоначалници како Бобан Стефковски и Darko Kostovski кои лично сум сведок како месеци наназад секојдневно придонесуваат да се заврши изградбата на храмот, а еве денес да започне и изградбата на камбанаријата.Божјиот дом е дом на сите нас!

Се додека ги има Црквите и Манастирите за нас христијаните нема да има крај на векот!

Божјиот благослов нека биде со нас и со нашата мила мајка Македонија!