Почетна МакедонијаДа си ја направиме Европа дома, предлага Трифун Костовски

Да си ја направиме Европа дома, предлага Трифун Костовски

од nenad
1 минути читај за




„Во светот имате држави кои не зависат од некој сојуз, а одат напред и се подобри во нивниот развој. Земете ги Јужна Америка, Азија, бившите советски републики каде се живее со подобар стандард. ЕУ и преговорите се двосмерен пат. Ние треба да си ја направиме Европа дома, како систем што ќе биде функционален за нас граѓаните, а потоа и да се придружиме кон тоа европско семејство“, рече Трифун Костовски во вечерашното издание на „Само вистина“ на Канал 5.

„Да, сакам да бидам член на ЕУ, но има некои рамки за кои не се преговара. Доколку Брисел смета дека сме им потребни ќе мора да имаат разбирање. Не постои магично стапче, потребно е време но и наша истрајност, да не отстапиме од нашите македонски работи, во смисла на национални. Македонија денеска ја плаќа цената со нашите соседи токму поради нас Македонците“, рече Костовски.