Почетна МакедонијаСе намалуваат коефициентите за пресметување на платите на директорите

Се намалуваат коефициентите за пресметување на платите на директорите

од nenad
1 минути читај за

„Со Одлуката се намалуваат коефициентите на платите на именувани функционери во Владата, национални координатори и други функционери, на директори и други именувани лица на органи во состав на министерствата, на директори и други именувани лица на самостојни органи на државната управа, на раководни лица во управни организации, агенции, фондови и други правни лица основани со посебни закони, на казнено-поправни установи. Денеска донесената владина Одлука за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата, нема да предизвика дополнителни финансиски импликации на Буџетот на државата“ – информираат од владината прес-служба.

   

Станува збор за усогласување на коефициентите на именуваните лица од страна на Владата согласно Законот за изменување на законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица којшто предвидува промена на коефициентите по коишто се пресметува платата на избраните и именуваните лица. Со овој Закон се намали процентот на покачување на платите кое се случи овој месец, согласно растот на просечната плата. Функционерите претходно, по одлука на Уставен суд добија покачување на платите од 78%.