Почетна ТехнологијаПриведен криумчар на мигранти, пронајдени пет лица од Сирија, Претрес во Кавадарци, приведен дилер

Приведен криумчар на мигранти, пронајдени пет лица од Сирија, Претрес во Кавадарци, приведен дилер

од nenad
1 минути читај за




Денеска (17.03.2024) околу 5 часот на регионалниот пат Демир Капија-Неготино полициски службеници од РЦГР Југ- ПС за ГП и ГН Богородица и ПС за ГН Михајлово го лишија од слобода М.А. (22) од Скопје, затоа што во возило „пежо“ превезувал пет лица мигранти од Сирија. М.А. не застанал на даден знак од полициски службеници, но по преземени мерки и активности, возилото е запрено, а М.А. лишен од слобода. По целосно документирање на случајот, против М.А. ќе биде поднесена кривична пројава до надлежното обвинителство.

   

Претрес во Кавадарци, приведен дилер
На 16.03.2024 во 21.00 часот на улица „Гоце Делчев“ во Кавадарци полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Ј.Ф.(23) од Кавадарци. При прегледот кај него биле пронајдени и одземени 100 таблети екстази.По издадена наредба од Основен суд Кавадарци бил извршен и претрес во неговиот дом и биле пронајдени и одземени 33 таблети екстази и пари. Ј.Ф. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.