Рускиот претседател Владимир Путин им ја честиташе претстојната 2023 година на лидерите на странските земји и влади, а во честитката упатена до српскиот претседател Александар Вучиќ, истакна дека руско-српските односи и оваа година продолжија да се развиваат врз принципите на стратешко партнерство. објавено е на веб-страницата на Кремљ, пренесува РТС.
Честитајќи му ги Новата година и Божиќ на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, Владимир Путин истакна дека во изминатата година руско-српските односи продолжија прогресивно да се развиваат врз принципите на стратешко партнерство: практична соработка во трговијата, економска, културна и хуманитарна сфера, продлабочена доверба, политички дијалог и координација на напорите во меѓународните и регионалните работи, што е особено неопходно во актуелната тешка геополитичка ситуација.
Се надевам дека со заеднички напори ќе успееме во натамошното градење на конструктивна и мултилатерална билатерална соработка во корист на братските народи на Русија и Србија, се вели во честитката на претседателот на Русија.